« Back to news list

Важни новости за патарините во Словенија и Швајцарија

Би сакале да ве известиме за клучните новости во врска со плаќањето патарини во Словенија и Швајцарија:

  • Словенечки патарини

Сите клиенти на DKV во Словенија го користат пост-пејд методот за наплата на патарина со  DKV BOX EUROPE или DARS апарати. Ве молиме имајте во предвид дека DARS повеќе не прифаќа картички за гориво за дополнување на кредит на при-пејд апарати.
Оваа промена не влијае на клиентите на DKV, бидејќи нашиот систем работи на пост-пејд ,а не на при-пејд платежен метод. 

  • Затворање на терминалот HVF во Швајцарија

Стапувајки на сила од 01.06.2025 година, резервациите за патарина на HVF (WA 0508) во Швајцарија мора да се прават онлајн преку порталот BAZG, бидејќи физичките пост терминали ќе бидат деактивирани.
Клиентите што користат DKV BOX EUROPE  апарати не се засегнати. 

За да спречите одбивање на резервации преку OLA, ве молиме осигурајте се дека вашите клиенти што користат WA 0508 се свесни за вообичаените проблеми, како што се кодови за ограничување, надминат лимит или недозволени пунктови за прифаќање. Возачите ќе бидат информирани на границата, а резервациите може да се направат онлајн во последен момент или ретроактивно преку е-маил или преку онлајн платформата.

Ви благодариме за вашето внимание. Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте го нашиот тим за поддршка.

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail