« Back to news list

Вашите активни услуги за патарина сега достапни на вашиот телефон

Веројатно веќе сте запознаени со Toll4Europe, но сега би сакале да ви ја претставиме апликацијата за паметни телефони, како дополнителна услуга на On-Board Unit.

Оваа бесплатна апликација ќе им помогне на возачите со преглед на сè што е важно на нивниот паметен телефон – статусот на апаратот за патарина, активираните услуги за патарина и зачуваните податоци за возилата како што се оските, моменталната тежина, активирани земји итн.

Друга корисна карактеристика е известување што возачот го добива на паметниот телефон откако ќе ја премине границата на земјата. На екранот на паметниот телефон се појавува потсетник за потребните поставки за тахографот како и патарините преку Toll4Europe.

Дополнително, сите важни информации за патарината се прикажани на возачот јасно и прегледно, така што возачот секогаш ги има при рака. Ова содржи информации како што се потребните параметри на соодветната област на патарина, посебните функции во земјата што се релевантни за патарина и други корисни информации.

 

Придобивките од апликацијата за возачите

  • На еден поглед – Лесен приказ на вашиот телефон за тековниот статус на OBU-апаратот и внесените поставки за OBU, како што се податоците за возилото и резервираните услуги за патарина.
  • Поддршка 24/7 – Сите важни информации како што се упатството за корисникот на OBU-апаратот, видеата за инсталација на OBU и ЧПП се достапни во апликацијата во секое време.
  • Брза помош со информација – Со еден клик, имате преглед- кратко резиме на најважните информации за оваа област за патарина, како што се потребните параметри што мора да се постават.
  • На безбедната страна – Преку нашиот безбеден метод за поврзување и автентикација, апликацијата нуди највисоки безбедносни стандарди.
    Бесплатна дополнителна услуга – Како дополнителна услуга на нашиот OBU, апликацијата е достапна бесплатно во PlayStore.
  • Потсетник – Откако ќе ја преминете границата на земјата, апликацијата ве потсетува на потребните прилагодувања на тахографот, како и на апратот за патарина.

Преземете ја апликацијата бесплатно на Google Play.

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail