« Back to news list

Возите до Белгија? Еве ја најдобрата цена на горивото на оваа рута

Честа дестинација за Македонските транспортни компании е Белгија или западниот дел на Германија. Ако возите и вие до овие земји, ве молиме погледнете ги нашите совети за двете најчести транзитни рути.

Опција 1: Возење низ Хрватска и Словенија

Веќе некое време, на оваа рута најниска цена на гориво има во Хрватска. Во оваа земја цената на дизелот ја регулира Владата и на секои две недели ви испраќаме ажурирани цени.


Но, за жал, Македонските компании не можат да го вратат ДДВ-то и затоа би платиле бруто цена.
Затоа, наша препорака е да наполните гориво во Словенија и секогаш кога сте во можност да ги користите пумпите надвор од автопатот. Како што веќе ве информиравме, надвор од автопатот, Владата на Словенија ги регулира цените и на сите бензински пумпи надвор од автопатот цената на дизелот значително поевтинува.
Разликата меѓу бруто цената во Хрватска и нето цената во Словенија е речиси 10 центи/л.

 

Опција 2: возење низ Чешка и Словачка

На оваа релација само крајната дестинација Белгија им го враќа ДДВ-то на Македонските компании.
Сепак, цената на дизелот во оваа земја е многу поскапа од другите земји.
Наша препорака е да се точи гориво на бензинските пумпи на ОНО во Чешка, каде иако ДДВ не се враќа, бруто цената на дизелот е помала од 1,5 за литар.

Друга опција за вас е Словачка на бензинските пумпи на Словнафт.

За која било рута во Европа, најниските цени може да се видат на DKV веб-страната во делот планер на рути, за сите логирани корисници.
Ве молиме најавете се и само напишете ја вашата почетна и крајна дестинација на следниов линк: DKVMaps

Како и секогаш, можете да ни се јавите и ние да ви помогнеме со совети за полнење гориво за која било рута.

« Back to news list

Новости и настани

Бензинските станици на JET UK сега се достапни во мрежата на DKV

Со задоволство објавуваме дека JET UK (Phillips 66), добро воспоставен и доверлив бренд на пазарот на бензински станици во Велика Британија, се приклучи на мрежата на DKV како нов добавувач. Ова партнерство додава 18 нови бензински станици на JET низ Велика Британија, сега целосно достапни за сите корисници на DKV картички.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.