« Back to news list

Германија: Ажурирање на податоците на DKV BOX EUROPE апаратот за патарина (Debag)

За да избегнете казни и да обезбедите непречено патување низ Германија, проверете дали ги исполнувате најновите барања.

Параметри специфични за услугата за Debag
Кога возите во Германија,потребно е следните параметри да бидат правилно сетирани на апаратот, базирани врз основа на податоците за вашето возило:

  • Оски на приколка
  • Бруто тежина  (GTW)

1. Оски на приколка
Ажурирајте го бројот на оските на приколката секогаш кога ќе се промени конфигурацијата на вашата приколка. Ова директно влијае на наплатата на патарините. Проверете дали вкупниот број на оски (влекач + приколка) е правилно прикажан. Оските на приколката мора да се конфигурираат посебно преку менито на апаратот.

2. Бруто тежина  (GTW)
GTW е максималната дозволена тежина и на влекачот и на приклучената приколка. Ова мора да се ажурира секогаш кога се поврзува приколка.
Пример приказ на OBU: избирањето опсег на тежина како „≥7,5t и <12t“ ќе ја прикаже пониската вредност на екранот (7,5t).

4. Класа на емисија на CO₂
Класата на CO2 емисии на возилотоm може да биде од 1 до 5 според Член 7га од Директива 1999/62/ЕЗ, како што е наведено во документите на возилото или пресметано врз основа на дефинирани параметри. Доколку вредноста е непозната, CO2-класата се поставува на „0“, а пресметката на цената се врши според најлошата и најскапата класа „1“. Класата може да се промени со испраќање на CIF и COC документи до вашиот DKV партнер.

Погрижете се редовно да ги ажурирате овие параметри за да ја одржите усогласеноста и да избегнете непотребни трошоци за патарина.

За дополнителни детали за регулативите и исклучоците за патарина, посетете ја веб-страницата на Федералната канцеларија за логистика и мобилност (BALM): Click here to access the site

« Back to news list

Новости и настани

Холандија – промени во наплатата на патарини од 01.07.2026

На 1 јули 2026 година Холандија ќе ја укине Евровињетата. Таа ќе биде заменета со нов систем за патарини, базиран на изминати километри за комерцијални возила над 3,5 тони. Новата патарина ги зема предвид CO₂ тарифите и бара возилата да бидат класифицирани според нивните CO₂ емисии.

Од овој датум па натаму, Евровињета повеќе нема да биде потребна за патувања со камиони во Холандија. Наместо тоа, наплатата на патарина ќе се врши врз основа на изминатите километри – едноставно и транспарентно.

Со DKV Box Europe веќе сте добро подготвени за оваа промена и можете лесно да управувате со новата патарина во Холандија.

Доколку сè уште не сте ги нарачале вашите DKV Box Europe апарати, тоа можете да го направите со контактирање на нашиот тим за грижа за корисници.

• Активирањето за Холандија во моментов не е возможно. Штом оваа услуга стане достапна, дополнително ќе ве информираме.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.