« Back to news list

Германија: Пумпи со најдобри цени на горивото

Доколку имате потреба за гориво во Германија во наредниот период, ве потсетуваме дека, како клиент на Affinity-DKV, достапни ви се конкурентните цени на мрежите на:

JET
HEM
airline
ESSO
HOYER
STAR STATION
TEAM STATION

Исто така, важно е да се знае дека цените може да варираат во зависност од времето, а најдобрите цени се помеѓу 19:00 и 21:00 часот.

Кои се мрежите на пумпи кои практикуваат List Prices -цени по список

Треба да знаете дека мрежите на ARAL, SHELL, LTG, PM, BP, IDS и TANKPOOL практикуваат List Prices -цени по список, кои се различни од цената прикажана на пумпата во повеќето случаи и кои треба да се избегнуваат. Апликацијата DKV ви помага и овде, која постојано се ажурира и ви овозможува да бидете во тек со најновите цени во Германија.

Како да бидете информирани за ажурираните цени на горивото

Апликацијата DKV Mobility ви овозможува да останете во тек со ажурираните цени во оваа земја и е достапна на Google Play и App Store. Откријте каде се станиците со подобри цени директно од апликацијата DKV на овој ЛИНК откако ќе се најавите на вашиот профил.

Можете исто така да пристапите до делот „Вести“ на веб-страната на Affinity или да се претплатите на веб-страната за да добивате известувања и да бидете во тек со најновите достапни информации.

Како да плаќате патарина во Германија

Плаќање патарина во Германија (Toll Collect) се применува за сите возила со максимална дозволена тежина над  > 7,5 тони, ние нудиме пост-пеид плаќање со апаратот DKV Box Europe преку DKV, како и директно преку апаратите Toll Collect обезбедени од операторот за патарина.

Посебна карактеристика за оваа земја е фактот што ДДВ-то oд патарината не подлежи на поврат.

Сега сите патарини на главните автопати низ Европа, вашето возило може да ги плати со само еден апарат за патарина.

Апаратот DKV BOX EUROPE автоматски ги регистрира трошоците за патарина, а плаќањето се врши лесно преку DKV фактурата. Можете да ги следите сите ваши  трансакции на DKV платформата, така што сите ваши патувања низ Европа се безгрижни.

« Back to news list

Новости и настани

Холандија – промени во наплатата на патарини од 01.07.2026

На 1 јули 2026 година Холандија ќе ја укине Евровињетата. Таа ќе биде заменета со нов систем за патарини, базиран на изминати километри за комерцијални возила над 3,5 тони. Новата патарина ги зема предвид CO₂ тарифите и бара возилата да бидат класифицирани според нивните CO₂ емисии.

Од овој датум па натаму, Евровињета повеќе нема да биде потребна за патувања со камиони во Холандија. Наместо тоа, наплатата на патарина ќе се врши врз основа на изминатите километри – едноставно и транспарентно.

Со DKV Box Europe веќе сте добро подготвени за оваа промена и можете лесно да управувате со новата патарина во Холандија.

Доколку сè уште не сте ги нарачале вашите DKV Box Europe апарати, тоа можете да го направите со контактирање на нашиот тим за грижа за корисници.

• Активирањето за Холандија во моментов не е возможно. Штом оваа услуга стане достапна, дополнително ќе ве информираме.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.