DKV Euro Service ја подмирува српската патарина во Postpay процедура
Од 1 октомври 2019 година, DKV Euro Service ќе биде првиот давател на услуги за гориво и други услуги што ќе ја подмирува патарината за тешки возила отпосле преку Postpay процедура. Притоа, шоферите ќе можат да ја користат брзата лента и воопшто нема да мора да запираат за да плаќаат патарина. Плаќањето се прави електронски и отпосле. Досега, шоферите мораше да ги платат патарините пред да почнат да возат.
Сега, шоферот ќе добие Postpay кутија за патарина на влезот во Србија на границата. Треба само да ја прикаже својата картичка DKV CARD и сообраќајната на возилото. Потоа, добива единица OBU, којашто може да ја конфигурира на лице место. Од тој момент па натаму, сите трансакции во врска со патарината во Србија ќе се одвиваат преку оваа кутија и ќе се подмируваат еднаш месечно преку DKV. Србија претставува многу важна транзитна земја од логистичка гледна точка. Меѓународните превозници ја користат кога возат кон балканските држави, како Турција, Грција, Бугарија, Романија или од Унгарија кон Централна и Северна Европа, односно од Русија кон Јужна Европа.