« Back to news list

Италија: Бензински пумпи со најдобри цени на горивото

Вашата DKV-Affinity картичка е прифатена на повеќе од 9.450 станици низ целата земја.

Ние ви советуваме да ги користите бензинските пумпи од брендовите: Q8, TAMOIL и ESSO, на кои цената на пумпата е иста со цената на фактурата.

Треба да се избегнува точење гориво во IP станиците (Italiana Petroli), бидејќи на овие пумпи се користи значително повисока цена, различна од онаа прикажана на пумпата. Други пумпи со вави цени што треба да се избегнуваат се: CRISTELLA, Coil, Ratti и GNP.

Останати бензински пумпи со добри и атрактивни цени се пумпите на: RETITALIA, EUROPAM, VEGA CARBURANTI, SARNI, KEROPETROL.

Како да ги видите најдобрите цени на горивото

Апликацијата DKV Mobility ви овозможува да останете во тек со ажурираните цени во оваа земја и е достапна БЕСПЛАТНО и од Google Play и од App Store. Откријте каде се пумпите со подобра цена директно од апликацијата DKV на овој ЛИНК откако ќе се најавите на вашата сметка.

Како да плаќате патарини?

Без оглед на вкупната дозволена тежина, патарината се однесува на автопати и експресни патишта (6.600 км) и може да се подмири и преку уредот Telepass и преку уредите DKV BOX EUROPE и DKV Box Italia, нудејќи можност за плаќање патарина во автоматски режим, преку DKV (пост-плаќање).

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail