« Back to news list

Како да го проверите вашиот DKV Box Europe пред да тргнете на пат

Важно и задолжително е да ја проверите компатибилноста помеѓу DKV BOX EUROPE и вашето возило пред секој транспорт, а подолу може да видите на што треба да внимавате.

Што треба да знаете:

Уредот е издаден од добавувачот Toll 4Europe со соодветните спецификации само за влекачот.

Ако сте се одлучиле за активирање на Австрија на вашиот уред, ве молиме преземете го документот (декларација за возилото ASFINAG) добиен на вашата е-пошта од следната е-адреса: eets-order@dkv-euroservice.com. Задолжително е да го имате овојдокумент во возилото за целиот период на транзит низ Австрија.

Што да проверите:

  1. По спојување и откачување на приколка, возачот мора секогаш да го ажурира бројот на оските на приколката.
  2. Емисионата класа мора да одговара на онаа наведена во листот од производител ( зелен лист) .
  3. Регистрацискиот број мора да биде точниот.
  4. Максималната тежина мора да се совпаѓа со вредноста наведена во сообраќајната дозвола на возилото.
  5. Земјите покажани на уредот мора да одговараат со оригиналното барање.
  6. Земјата на регистрација на возилото мора да биде точна.
  7. Ако на уредот е вклучена Австрија, возачот мора да ја има и декларацијата ASFINAG.

Во врска со правилното полнење, потсетуваме дека во Италија е неопходно да се следат упатствата во врска со правилното поставување на лентата наменета за вашиот начин на полнење.

Важно е уредот да е правилно монтиран на шофершајбната за правилно евидентирање на трошокот и поврзан со напојувањето на возилото (фиксна монтажа) или поврзан со приклучокот за запалка (флексибилна монтажа).

Проверете дали погледот на возачот не е попречен или ограничен и дека немате други уреди во близина (GPS или воздушни перничиња). Овој чекор е важен бидејќи тие може да пречат на сигналот на DKV Box Europe.

Прирачникот за DKV Box Europe е достапен и онлајн. Во прирачникот ќе најдете и технички информации и спецификации за патарина за сите земји каде што може да се користи.

« Back to news list

Новости и настани

Погрешен ПИН код – што да направите?

Внесувањето на погрешен ПИН може да се случи секому — но важно е да реагирате брзо за да избегнете дополнителни проблеми.

Доколку ПИН-от на вашата DKV картичка се внесе погрешно повеќе пати, вашата картичка може привремено да биде блокирана од безбедносни причини. Во повеќето случаи, оваа блокада автоматски се отстранува по краток период, што ви овозможува повторно да се обидете. Сепак, повторените неуспешни обиди може да доведат до подолга блокада.

За да го спречите овој проблем во иднина, осигурете се дека вашиот ПИН е безбедно зачуван, но достапен кога е потребно. Избегнувајте да го споделувате со неовластени лица и бидете внимателни при внесување за време на трансакции.

Кратки совети за безбедно користење на ПИН:

  • Никогаш не го споделувајте ПИН-от со трети лица
  • Никогаш не го запишувајте ПИН-от на самата картичка
  • Секогаш покривајте ја тастатурата при внесување на ПИН
  • Секогаш користете системски генериран ПИН за максимална безбедност
  • Уништете го писмото со ПИН веднаш по приемот.

Како да вратите изгубен или заборавен PIN?

ПИН-от на картичката може да го најдете на DKV COCKPIT. Најавете се на вашиот кориснички профил, одете во преглед на картички, изберете ја картичката за која ви е потребен PIN и кликнете на „прикажи ПИН“ (show PIN).

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.