« Back to news list

Плаќање патарина во Европа: DKV BOX EUROPE на Siemens

Едноставна онлајн регистрација /сателитска конфигурација (OTA) / „приклучи и активирај“, без потреба од вградување на апаратчето во сервис / рачно прилагодување на бројот на оските

DKV BOX EUROPE, која DKV Euro Service ќе ја нуди од 2018 година, се базира на најновата генерација на Sitraffic-Sensus-Unit од Siemens. Опремена е со далечинска технологија; така што може да регистрира и пресметува патарини кои се базираат како на DSRC, така и на GNSS (Dedicated Short Range Communications и Global Navigation Satellite System). „Многу од апаратите достапни на пазарот сѐ уште не ги исполнуваат сите технички барања за пресметка на патарината низ Европа – на пример компатибилноста со италијанскиот систем за патарини кои по потреба ќе мора уште еднаш да се заменат“, објаснува Јирген Штајнмајер, директор за патарини во DKV Euro Service. „Наспроти тоа, DKV BOX EUROPE ги исполнува најновите барања на сите земји членки на ЕУ и во иднина ќе може да се применува ширум Европа.“

Корисникот може самостојно да го вградува апаратот во своето возило и да го користи истиот за повеќе возила. Повеќе нема потреба од трошење време за инсталација во специјализирани сервиси. Регистрирањето на патарината и активирањето на земји се извршува едноставно преку DKV Online-Portal. Податоците се испраќаат сателитски до апаратот, при што веќе не е потребна замена на апаратите во случај на промена на возилото, со што значително се намалуваат времето и административните трошоци, а корисникот останува флексибилен. Целта е, за почеток да се пресметуваат патарините во Белгија, Германија, Австрија, Полска и Франција, a кратко потоа треба да се приклучат и Италија, Португалија, Шпанија и Унгарија. Во меѓувреме патарините за сите патишта, тунели и мостови може да се пресметуваат преку DKV BOX EUROPE.

Повеќе информации на affinity.mk@delamode-group.com 

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail