« Back to news list

Поврат на ДДВ директно на вашата фактура

Дали вашата компанија има константен и фрекфентен транспорт во  земјите од  Европската Унија или Велика Британија? Можете да побарате поврат  на ДДВ и акциза од одговорните даночни власти.

Како што можете да замислите, овој процес е доста комплициран и претставува проблем за повеќето компании.

Ако се стремите кон практичност и резултати, ние сме среќни да ви помогнеме во врската со даночните власти и да ги превземеме сите неопходни чекори за време на процесот на рефундација, преку нашиот партнер REMOBIS, еден од водечките даватели на целосни услуги за поврат на данок во Европа.

Како функционира повратот на ДДВ:

Услугата за поврат  на ДДВ е достапна во две варијанти:

  • Нормален поврат: Износот на вашата рефундација ќе се кредитира на вашата сметка по проценката на данокот. Ова може да потрае помеѓу 2-12 месеци, во зависност од брзината на враќање на средствата од страна на даночните власти.
  • Нето поврат на следна фактура: Вашиот износ за поврат на ДДВ ќе се кредитира директно на вашата фактура. Не треба да чекате за враќање од даночните власти. REMOBIS се грижи за пред -финансирањето, а вие имате корист од брзата ликвидност.

Придобивки за клиентот

  • Обработката на документите и барањата за поврат на ДДВ е брза и ефикасна;
  • Имате можност да вршите поврат на надворешен ДДВ и акцизи квартално или годишно;
  • Имате бенефит од константни совети и насоки во текот на целиот период на договорот;
  • Имате пристап до специјализирани услуги со висок степен на експертиза

Земји каде што се достапни овие услуги:

Белгија, Бугарија, Данска, Франција, Велика Британија, Финска, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Австрија, Полска,Словенија и Шведска.

За повеќе информации можете да не добиете на 38978324185

« Back to news list

Новости и настани

Холандија – промени во наплатата на патарини од 01.07.2026

На 1 јули 2026 година Холандија ќе ја укине Евровињетата. Таа ќе биде заменета со нов систем за патарини, базиран на изминати километри за комерцијални возила над 3,5 тони. Новата патарина ги зема предвид CO₂ тарифите и бара возилата да бидат класифицирани според нивните CO₂ емисии.

Од овој датум па натаму, Евровињета повеќе нема да биде потребна за патувања со камиони во Холандија. Наместо тоа, наплатата на патарина ќе се врши врз основа на изминатите километри – едноставно и транспарентно.

Со DKV Box Europe веќе сте добро подготвени за оваа промена и можете лесно да управувате со новата патарина во Холандија.

Доколку сè уште не сте ги нарачале вашите DKV Box Europe апарати, тоа можете да го направите со контактирање на нашиот тим за грижа за корисници.

• Активирањето за Холандија во моментов не е возможно. Штом оваа услуга стане достапна, дополнително ќе ве информираме.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.