« Back to news list

Поврат на ДДВ – Remobis Refund Service

Повратот на ДДВ не е само административна обврска, туку реална можност за зголемување на вашата профитабилност, преку намалување на трошоците и подобрување на ликвидноста на вашата фирма. Во индустрија каде маржите се ниски, ефикасното управување со ДДВ може да направи клучна разлика во вашата конкурентност и долгорочен успех.

За кои производи може да добиете поврат на ДДВ?
Зависно од земјата, транспортните компании имаат можност за поврат на ДДВ за гориво (Дизел и AdBlue), патарини, поправки и резервни делови.

Начини на поврат на ДДВ

Нормален поврат: Тримесечен, полугодишен или годишен поврат со пониски провизии во споредба со другите опции
Нето-фактурирање:
Директен поврат на ДДВ на вашата DKV фактура

Испраќање на фактури

DKV фактури: Откако ќе бидете регистрирани за поврат, сите DKV оригинали се повлекуваат автоматски преку систем.
Други добавувачи: Оригиналните електронски фактури од други добавувачи се испраќаат на следната адреса – invoices@remobis.com.

Процес на регистрација
Доколку сакате да се регистрирате за поврат на ДДВ или да активирате дополнителна земја, контактирајте го нашиот тим на следната маил адреса: affinity.mk@affinity-ts.com, за да ги добиете потребните инструкции.

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail