Дали знаевте дека Белгија е една од земјите кои практкуваат цени од листи? Цената е официјално одредена од Владата во Белгија и се разликува од цената прикажана на пумпата.
ТУКА МОЖЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ СИТЕ ЦЕНИ ОД ЛИСТА ВО БЕЛГИЈА
DKV картичката се прифаќа на следните мрежи – G&V, AVIA, TEXACO, Q8, LUKOIL & ESSO EXPERSS.

ПАТНИ ТРОШОЦИ ВО БЕЛГИЈА
Белгија користи сателитски систем за регистрирање на патарините за возила со тежина над 3.5 тони (со исклучок на автобуси и патнички возила) и од 1-ви април 2016 година, поседувањето на апарат за патарина е задолжително за секое локално или странско превозно средство над 3.5 тони.

Патната мрежа на Белгија е поделена на 3 региони: Фландрија, Брисел и Валонија. Секоја област има различни тарифи, сите се регистрираат преку сателит. Валонија е единствената област каде што патарината има ДДВ.
Satellic – главниот оператор за патарини во Белгија, наплаќа 135 EУР сигурносен депозит за апарат за патарина, кои се враќаат назад кога апаратот ќе биде вратен кај операторот во исправна форма.
Доколку набавите DKV Box Europe апарат за патарини, нема да мора да го плаќате овој износ. Освен Белгија, овој апарат ја нуди можноста за плаќање на патарините и во Германија, Австрија, Франција, Шпанија, Потругалија и Бугарија.
ПОВРАТ НА АКЦИЗА
Ве информираме дека може да се регистрирате за поврат на акциза за дизел платен во Белгија. Условот за поврат е возилата да имаат минимална тежина од 7.5 тони.
За повеќе детали обратете се кај вашиот Affinity агент.
КАКО ДА СТИГНЕТЕ БРЗО ДО ПУМПИ СО НИСКИ ЦЕНИ
Преку DKV Mobility апликацијата, може секогаш да ги лоцирате пумпите кои се најблиску до вас како и пумпите со најниски цени.
DKV Mobility апликацијата е достапна за Android и iOS и може бесплатно да ја преземете од Google Play и App Store.