« Back to news list

Рефундирање на средства од Autostrade per l’Italia

Autostrade per l’Italia објави дека ќе изврши паушални рефундирања на средства на транспортните компании за да се компензира за претрпените штети како последица на интервенциите на патиштата извршени низ територијата на регионот Лигурија.

Кои компании можат да имаат поврат?

Транспортни компании кои како трета страна се регистрирани од DKV во ALBO асоцијацијата (пр. чл. 40 L. 298/1974) или кај нивните национални транспортни власти REN (CE 1071/2009 и 1072/2009).

Компаниите кои повеќе не се регистрирани во трговскиот регистар и, следствено, немаат валидна даночна позиција во моментот на доделување на поволноста, нема да имаат право на паушален поврат.

Рефундирањето се доделува за патувања преземени со сите OBU(апарати за патарина) валидни во Италија кои покажуваат влез или излез на долу прикажаните наплатни станици или блиските градови во регионот Лигурија.

Постапка за аплицирање

Барањата за враќање на средствата може да бидат поднесени од транспортната компанија или преку делегирана страна која дејствува во нејзино име, со поставување на соодветни обрасци на веб-порталот кој содржи:
• евиденција на возила и уреди за наплата на патарина
• список на службени патувања и референци за документацијата што ги потврдува информациите за патувањата (O/D) и вистинското извршување на овие патувања

Доколку службеното патување на образецот е извршено без користење на патарина, операторот приложува документација со која се докажува плаќањето на транзитот.

Можете да аплицирате за рефундирање на Portale Autotrasporto ‐ Autostrade per l’Italia, по регистрацијата на законскиот застапник. Пристапете до порталот Autotrasporto ‐ Autostrade per Регистрирај се (Autostrade).
Кликнете на овој ЛИНК за да пристапите до официјалното Упатство од Autostrade per l’Italia.

Рокови за 1-ва транша (службени патувања 2022)

01.12.23 Почеток на постапка Прва транша паушален поврат на средства (службени патувања 2022 година)
29.02.24 Краен рок за регистрација на фирма за пристап до паушален поврат 2022 година
20.03.24 Рок за прикачување на службени патувања 2022 година
29.03.24 Краен датум за побарувања за паушални повратни средства 2022 година
12.04.24 Исплата на паушален поврат
Роковите изменети како резултат на договорот потпишан помеѓу страните на 24.08.2014

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.