« Back to news list

Се што треба да знаете за новиот систем за наплата на патарина во Данска ( KmToll)

Стартувајќи од 01 Јануари 2025, возилата со тежина од 12т или повеќе ќе подлежат на патни такси врз основа на изминатата рута, CO2 емисијата и тежината на возилото.
Дополнителни трошоци може да има доколку се вози во зоните со ниска емисија, како што се Копенхаген, Фредериксберг, Одензе, Архус и Алборг
Можете да видите колку патарина треба  да платите на следната табела во прилог: Врска

Кој плаќа патарина?

Камионите со тежина од 12 тони или повеќе и оние кои се користат за товарен транспорт мора да плаќаат патарина.
Како општо правило, ако вашиот камион во моментов е предмет на такса за користење на патиштата, ќе треба да плаќате и патна такса од 2025 година.

За кои рути е задолжително плаќање на  патарина?

Од 1 јануари 2025 година камиони од 12 тони и повеќе ќе плаќаат патарина за возење по данската државна патна мрежа и делови од данската општинска патна мрежа (околу 10.900 км). Се проценува дека ова покрива приближно 75 % од вкупниот број поминати километри со камиони.

На линкот во прилог можете да пристапите до картата на патишта кои подлежат на такси, на Данската управа за патишта: Врска

DKV ќе обезбеди решение за патарина за Данска, со регистрација на корисничка сметка и интеграција со DKV картичката достапна преку DKV Cockpit.

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.