Што треба да знаете за патарините во Белгија?
Во прилог ви испраќаме важни информации за користење на DKV BOX EUROPE во Белгија, со цел да ви обезбедиме непречен процес на плаќање на патарините во согласност со локалната легислатива.
Во изминатиот период,за да го дознаете пинот беше потребно да кликнете на опцијата Request PIN и да чекате да го добиете вашиот пин во плико по пошта.
Сега со активирање на новата опција Display PIN, со безбеден и лесен процес на автентикација од 2 фактори, можете брзо да го видите вашиот PIN.
Процесот на автентикација со 2 фактори обезбедува најголема безбедност за нашите клиенти. За да го докажеме вашиот идентитет, ќе бараме потврда преку е-пошта, додавајќи дополнителна заштита на вашиот профил. Вашата доверба и смиреност се наш приоритет.
Новата ePIN функција не само што нуди ефикасност,ефективност и поголема ориентираност кон клиентите, истотака нуди и одржливи придобивки. Со елиминирање на потребата за испраќање PIN-кодови преку традиционална пошта, даваме значителен придонес за намалување на емисиите на CO2 и минимизирање на употребата на хартија.
Горди сме што ви нудиме дигитално и зелено решение кое не само што го подобрува вашето искуство, туку и дава приоритет на одржливоста.
Во прилог ви испраќаме важни информации за користење на DKV BOX EUROPE во Белгија, со цел да ви обезбедиме непречен процес на плаќање на патарините во согласност со локалната легислатива.