« Back to news list

Стапуваат на сила тарифите за CO2 класите во Германија (ПРОВЕРЕТЕ ГИ ДОДЕЛЕНИТЕ КЛАСИ НА CO2)

Како што веќе знаете, Европската комисија го измени постојното законодавство за стандардите за CO2 за одредени категории на тешки возила во Европската унија.

Германија е првата ЕУ земја која ги воведе овие нови емисиони класи.

Со тоа, почнувајќи од 1 декември, сите возила над 7,5 тони ќе бидат класифицирани во една од 5-те класи на CO2, нумерирани од 1 до 5. Сите возила регистрирани пред 1 јули 2019 година автоматски се доделуваат во класа 1.

Овој систем за наплата на CO2 во Германија ќе почне да го применува и Австрија (од јануари 2024 година) и наскоро ќе бидат објавени новите стапки што ќе се применуваат за патните такси.

Со помош на апликацијата DKV Mobility, достапна со кликнување на копчето до неа, можете да ги проверите возилата на вашата компанија и нивните доделени класи на CO2.

Важно е да се знае: Ако до 1 декември не се изврши распределба на класата CO2, возилото автоматски ќе биде доделено во класа 1.

ПРОВЕРЕТЕ ГИ ДОДЕЛЕНИТЕ КЛАСИ НА CO2

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail