« Back to news list

Што да направите во случај на украдена или изгубена Affinity-DKV картичка

Еве неколку корисни чекори што мора да се преземат веднаш кога вашата Affinity-DKV картичка е украдена или изгубена.

Чекор 1 – Ограничете ја картичката со индивидуален лимит заради злоупотреба

Првиот чекор за вашата картичка е да поставите индивидуални ограничувања на лимитот на картичката. Картичката автоматски се блокира кога ќе се надминат овие ограничувања.
Независно од ова, DKV има специјализиран тим за превенција од злоупотреба што континуирано ја проверува веродостојноста на податоците за трансакциите. Понекогаш, кога гледаме трансакции кои отстапуваат од вообичаените трансакции за гориво, контактираме со клиентот за појаснување. Злоупотребата на картичката може да се случи кога картичката е украдена, изгубена или поради измама на вработените.

Чекор 2 – Веднаш блокирајте ја картичката

Во случај да видите некоја од трансакциите што не се ваши, или ако DKV картичката е изгубена/украдена, можете да ја блокирате картичката преку вашиот акаунт на веб-страницата: DKV Mobility (dkv-mobility.com) следејќи ги следните инструкции:

•    Најавете се на вашиот акаунт
•    Кликнете на опцијата: Картички и цени
•    Потоа: Преглед на картички и кликнете на украдена/изгубена картичка
•    Дерегистрирајте/Блокирајте картичка:

Без разлика дали картичката е изгубена во вашата земја или во странство, клиентот ја добива нашата поддршка.
Картичката може да се блокира со повик на меѓународен број: +49 221 8277 9697
Исто така, за блокирање картичка можете да испратите емаил на: cardstop@dkv-mobility.com

Чекор 3 – Пријавете ја кражбата во полиција

Во случај на кражба на картичка– на корисникот веднаш треба да му се блокира картичката за гориво и да ја пријави во најблиската полициска станица.
Потребна е претпазливост и ако возилото е ограбено, но картичката за гориво сè уште е таму. Картичката можела да биде копирана или заменета со претходна украдена картичка. Затоа, податоците на картичката мора да се проверат и, доколку е потребно, картичката да се блокира.

Affinity и DKV ја сфаќаат многу сериозно безбедноста на картичките и инвестиравме многу во текот на годините во безбедносните процеси и технологијата. Како резултат на тоа, успеавме да ги намалиме загубите поради кражба на картички и злоупотреба. Продолжуваме да работиме на подобрување на технологиите за нашите картички и дополнително да ја подобриме ситуацијата во иднина.

« Back to news list

Новости и настани

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail