« Back to news list

CO2 eмисиони стандарди за  нови тешки возила( HDV ) и влијанието врз вашиот бизнис

Европската комисија објави предлог кој има за цел да го измени постојното законодавство за стандардите на перформансите  на емисија на CO2 за одредени категории на нови тешки возила во ЕУ.

Предлогот одредува колку просечни емисии на CO2 треба да се намалат во 2025, 2030, 2035 и 2040 година, во споредба со 2019 година (базична година).

Со цел да се задоволат амбициозните климатски цели, од витално значење е секторот за патен транспорт да продолжи да придонесува за намалување на емисиите на CO2, преку усвојување на нови технологии со ниска содржина на јаглероден диоксид.

Како влијание ќе има ова врз Вас и Вашиот бизнис?

Поради тоа што повеќето од комерцијалните транспортери спаѓаат во групата на мали и средни претпријатија со семеен бизнис, транзицијата кон флота на нови тешки возила (HDV), опремени со најнови технологии, може да биде скапа.

Покрај тоа, се очекува дека  изменетата легислатива ќе значи и зголемување на тарифите за патарина  во Европа, врз основа на европските стандарди за емисии на  тешки дизел мотори – g/kWh, со цел  да се намали користењето на загадувачки товарни  возила и да се поттикне набавката   на транспортни возила со ниска емисија на CO2 или возила без емисија на штетни издувни гасови.

Ве молиме погрижете се да останете претплатени на овој билтен за дополнителни информации во врска со оваа тематика.

 

« Back to news list

Новости и настани

Погрешен ПИН код – што да направите?

Внесувањето на погрешен ПИН може да се случи секому — но важно е да реагирате брзо за да избегнете дополнителни проблеми.

Доколку ПИН-от на вашата DKV картичка се внесе погрешно повеќе пати, вашата картичка може привремено да биде блокирана од безбедносни причини. Во повеќето случаи, оваа блокада автоматски се отстранува по краток период, што ви овозможува повторно да се обидете. Сепак, повторените неуспешни обиди може да доведат до подолга блокада.

За да го спречите овој проблем во иднина, осигурете се дека вашиот ПИН е безбедно зачуван, но достапен кога е потребно. Избегнувајте да го споделувате со неовластени лица и бидете внимателни при внесување за време на трансакции.

Кратки совети за безбедно користење на ПИН:

  • Никогаш не го споделувајте ПИН-от со трети лица
  • Никогаш не го запишувајте ПИН-от на самата картичка
  • Секогаш покривајте ја тастатурата при внесување на ПИН
  • Секогаш користете системски генериран ПИН за максимална безбедност
  • Уништете го писмото со ПИН веднаш по приемот.

Како да вратите изгубен или заборавен PIN?

ПИН-от на картичката може да го најдете на DKV COCKPIT. Најавете се на вашиот кориснички профил, одете во преглед на картички, изберете ја картичката за која ви е потребен PIN и кликнете на „прикажи ПИН“ (show PIN).

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.