« Back to news list

DKV Box Europe – нов софтвер од 29-ти септември 2025

Новата верзија на софтверот GoMa 6.9 ќе биде достапна за сите DKV Box Europe уреди, почнувајќи од 29 септември 2025 година. Новата верзија ги поддржува следните услуги за патарина:

  • Ажурирања на конфигурацијата:
    • Германија (DEbag) – Ажурирања за испраќање податоци за локација
    • Холандија (NLrdw) – Додадени поставки за услугата за патарина (планирана за 2026 година)
    • Полска (PLeto) – Подобрување на параметрите за навигација
    • Швајцарија (CHlsv) – Подготовки за следниот систем за патарина LSVA III
  • Стабилност/Перформанс:
    • Подобрени перформанси и зголемена сигурност
КЛУЧНИ ФАКТИ ЗА АЖУРИРАЊЕТО:
  • Апаратот треба да биде вклучен и со добар сигнал
  • Aпаратите што не го примаат ажурирањето (пр. ако уредите се исклучени или немаат добар сигнал) ќе бидат ажурирани откако ќе се обезбеди приемот
6.9 ПРОЦЕС НА АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕРОТ:
  • Времетраење на процесот е 60 до 90 минути со добар GPS сигнал. За време на преземањето, апаратот е активен и генерира редовни трансакции ➡️ НЕ Е ПОТРЕБНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ВОЗАЧОТ
  • Софтверот ќе се ажурира автоматски и ќе трае приближно 5-10 минути, штом апаратот влезе во режим на мирување (по 30 минути неактивност). ➡️ НЕ Е ПОТРЕБНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ВОЗАЧОТ
  • Апаратите треба да се држат на растојание еден од друг (повеќе од 30 см) додека трае ажурирањето, бидејќи може да си пречат со сигналот
  • Возилата во Швајцарија ќе го добијат ажурирањето на софтверот автоматски откако возилото ќе ја напушти Швајцарија.
ПО АЖУРИРАЊЕТО НА СОФТВЕРОТ
  • Препорачливо е да се провери верзијата на апаратотбројот на оски и поставките за тежина пред возење
  • Само по успешна инсталација на софтверот, апаратот е подготвен за работа
  • Верзијата на софтверот може да се провери во менито на OBU.

« Back to news list

Новости и настани

DKV Live – целосна контрола врз вашиот возен парк

Доцнење на испораки, неефикасни рути, злоупотреба на гориво и ограничена контрола на возилата можат секојдневно да создаваат непотребни трошоци за транспортните компании.

Со DKV LIVE добивате контрола врз возниот парк  во реално време и алатки за поефикасно управување со работењето.

Како DKV LIVE може да му помогне на вашиот бизнис?

✅ Намалете ги доцнењата со следење на возилата во живо и подобро планирање на рутите
✅ Намалете ги трошоците за гориво преку оптимизација на рутите и следење на потрошувачката
✅ Спречете злоупотреба на гориво со автоматско следење на трансакции и известувања за сомнителни активности
✅ Подобрете ја ефикасноста на возилата со известувања во реално време за застанувања, часови на возење и потреби за сервис
✅ Зголемете ја транспарентноста со прецизни времиња на пристигнување и следење на испораките во живо

Без разлика дали управувате со неколку возила или поголем возен парк, DKV LIVE ви помага да заштедите време, да ги намалите оперативните трошоци и побрзо да носите одлуки — сè од една платформа.

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.