« Back to news list

DKV BOX EUROPE е одобрен за автопатите во Италија

Affinity Transport Solutions како официјален партнер на DKV сега нуди и апарат за патарина и за Италија. Со ова, DKV го добива статусот на прв сертифициран провајдер надвор од границите на Италија кој нуди EETS апарат и за Италија. По успешната фаза на тестирање, операторите на италијанските автопати го одобрија DKV BOX EUROPE за плаќање на патарината за камиони и автобуси кои надминуваат тежина од 3.5 тони. Асоцијацијата на оператори на италијанскиот систем за патарина AICAT покрива околу 6.600 км автопат.

Освен во Италија, DKV BOX EUROPE се користи за плаќање патарина за камиони во Германија, Белгија, Бугарија, Франција, Австрија, Шпанија, Португалија, Унгарија како и за тунелите Warnow, Herren Tunnel, Liefkenshoektunnel  – со што покрива дванаесет европски системи за патарина.

Специјално обележаните ленти за патарина ќе му покажат на возачот на која лента треба да се користи DKV BOX EUROPE.  Во блиска иднина овој апарат за патарина ќе биде имплементиран и за патарината во Швајцарија и другите Европски земји.

« Back to news list

Новости и настани

Read more news »

Регистрирајте се за да ги добивате најновите известувања на e-mail